24sedum.net

24 седум вести портал

БУДВА СТАНУВА ОПАСНА ЗА ЛЕТУВАЊЕ Македонците влегуваат без ПЦР во жариште на корона

Во Црна Гора има најмногу нови случаи на заразени од коронавирусот во последниве четири месеци, а најмногу инфицирани има во Будва. Градот е во црвената зона и стана корона жариште.

Потврдени се 332 нови случаи на коронавирус. Меѓу нив има 41 турист, претежно од Будва и Улцињ, пишуваат црногорските медиуми.

Дека ситуацијата е комплицирана, потврди и директорот на Црногорскиот институт за јавно здравје, Игор Галиќ.

Tој вели дека повторно има локален пренос на коронавирусот и предупредува за нов бран.

Oткако почна пандемијата имаше и период кога Црна Гора беше земја без корона. Во сите земји во регионот расте бројот на инфицирани со ковид. Црна Гора е земја каде македонските туристи можат да патуваат слободно, без ПЦР тест.