24sedum.net

24 седум вести портал

Невакцинарините наставници и ученици во Грција ќе се тестираат двапати неделно

Во Грција, невакцинираните наставници и ученици ќе треба да се тестираат за коронавирус двапати неделно.

Учебната година кај нашиот јужен сосед започнува на 13 септември. Министерството за образование на земјата објави дека наставниците мора да доаѓаат на работа со сертификат за вакцинација против КОВИД-19 или потврда за прележана болест во последните шест месеци.

Истото важи и за учениците на возраст над 12 години, како и за високообразовните институции.