24sedum.net

24 седум вести портал

Трета доза вakцина за луѓе со слаб имунолошки систем

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека по пример на САД ќе се препорача трета доза за луѓе кои што се имунокомпромитирани.

– Со трета доза ќе бидат вакцинирани пациенти кои што се трансплантирани, пациенти кои што се на хронична дијализа и други пациенти со имунодефицит согласно дијагнозата.

Препораката дојде денеска, а процесот ќе стартува во текот на неделата, рече Филипче.