24sedum.net

24 седум вести портал

Турски “рецепт”: 10 часовното чекање на граница Турците го претвориле во забава!

Во некои земји луѓето се сетиле дека можат да си ги “скратат” маките додека чекаат со часови на границите. Гужвите на граничните премини ова лето се секојдневие, како и долгочасовното чекање.

Имено, пред неколку денови за Курир се јавил еден читател кој се враќал од Турција, од летувалиштето Кушадаси. Тој чекал во колона на граничниот премин Капикуле. Тој раскажал дека на граничниот премин пристигнал во 19 часот и чекал до 2 часот наутро.

“Луѓето се заглавени во долги колони и чекаат во просек од 4 до 10 часа. Тоа го дознав кога пристигнав на граница и ја контактирав српската амбасада во Турција. Тие ме известија дека чекањето трае од 4 до 10 часа. Она што е интересно е дека долгочасовното чекање патниците од Турција го претворија во забава”, раскажува изворот.

“Однапред се знае колку ќе трае чекањето. Има многу деца, а на преминот е направен луна парк за да се забавуваат децата, има флипери, а од страна се поставени и полначи за телефони”, објаснува читателот.

Извор: Точка