24sedum.net

24 седум вести портал

Угостителите револтирани од новите мерки: Дали може да се укине одлуката за забранет влез на невакцинираните?

Независната угостителска комора (НУК) бара од Владата целосно и безусловно да ја укине одлуката за забранет влез на невакцинирани во угостителските објекти, посочувајќи дека таа е условена и неспроведлива и дека е неприфатлива и за многу граѓани кои вчера излегле на протест.

По синоќешниот врисок на граѓаните искажан преку паралелни протести низ цела Македонија, на Владата не ѝ останува ништо друго, туку веднаш, по кратка постапка, да ја укине одлуката со која сакаше да се спроведе експериментален филтер на проверка дали и како системот на селекција на граѓаните може да функционира во време на пандемија на т.н. вакцинирани и невакцинирани, предвиден да се одвива со редарски служби преку угостителите и угостителските објекти од 16 август, наведува НУК во соопштение.

Во однос на изјавата на министерот Крешник Бектеши, НУК бара од Владата „наместо да разгледува какви било други можности, разводнувања и дополнувања кон одлуката и мерката со која се забранува влез на невакцинирани во угостителски објекти“, веднаш да сика седница и да го разгледа и усвои нивното барање доставено на 10 август за целосно и безусловно укинување на одлуката во кратка постапка.