24sedum.net

24 седум вести портал

За влез во мол, казино, кладилница, концерт ќе биде потребен сертификат за вакцинација

Владата денеска донесе одлука дека за влез во угостителски објект, молови, казина, кладилници, спортски или културни настани, прослави, концерти или семинари ќе бидат потребни сертификати за вакцинација, негативен ПЦР тест или сесртификат за прележан ковид не постар од 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.

Оваа одлука на својот фејсбук профил ја потврди и министерот Крешник Бектеши кој апелираше до граѓаните да се вакцинираат.

-Во шопинг молови, казина и обложувалници само со потврда за вакцинација или потврда за прележан вирус!ВАКЦИНИРАЈ СЕ- напиша Бектеши.