
Д-р Нуредини од Тетово вели дека е направен превид: Починатата пациентка нема 19, туку 60 години
Имало некоја грешка во матичниот број и е излезено како да има 19 години, вели координаторот на тетовскиот ковид-центар
Погрешна е информацијата дека е почината млада пациентка од Тетово, на возраст од 19 години. Направена е грешка во годината на раѓање, вели д-р Гзим Нуредини, координатор на ковид-центарот во Тетово.
Информацијата дека е почината 19-годишна пациентка ја објави Медиумската информативна агенција (МИА), но д-р Нуредини во изјава за Телма вели дека, поради грешка, е пласирана погрешна информација, а починатата пациентка е на возраст од 60 години.
„По грешка е дадена информација на медиум дека е почината 19-годишна девојка. Пациентката има 60 години. Имало некоја грешка во матичниот број и е излезено како да има 19 години“,
Тој појаснува дека сите седум починати ковид-пациенти биле со хронични заболувања.