24sedum.net

24 седум вести портал

АПАСИЕВ ГО ОДБИ МИЦКОСКИ – тој му одговори: Од вас зависи дали ќе бидете со нас

Откако лидерот на Левица, Димитар Апасиев, ја одби понудената рака од Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека жали за ваквата одлука на Левица.

-Жалам што раководството на Левица ја одбива подадената рака за обединување со опозицијата против неспособноста, против криминалот, корупцијата и против лошиот живот наметнати од власта на СДСМ и ДУИ.

Дозволувам да верувам дека ова е можеби резултат на недостаток на политичко искуството на раководството на Левица.

Впрочем, никој не побара од Левица да помогне да дојдеме на власт.

Побаравме да се обединиме да го срушиме Заев, а фактите говорат дека дел од раководството на Левица има лична одговорност за носењето на коалицијата СДСМ/ДУИ на власт.

Еве шанса да се поправи грешката која сите нас скапо не чини. Да се обединиме во голем опозициски блок против СДСМ и ДУИ, Целта е коалиција против криминал и корупција, за вадење на Македонија од калта во која се наоѓа, за подобра економија, образование и здравство.

Сосема на крај, никој нека не се сомнева во посветеноста и силината на ВМРО, таа извира од македонскиот народ, нашата традиција и идентитет.

Ние одиме по патот на рушење на овој корумпиран хибриден режим, дали Левица ќе биде дел од тој поход зависи од нив…, напиша Мицкос

https://fokus.mk/wp-content/uploads/ads/Renault_clio/renault-clio-banner-300×250-v2.html