24sedum.net

24 седум вести портал

Д-р Пановски: „Носењето маска на планина не била толку глупава мерка, секогаш може поглупаво“

Микробилогот Никола Пановски на неговиот Фејсбук профил за новите мерки донесени од Владата, вели дека и носењето маска на планина и на нива не била толку глупава мерка, секогаш може поглупаво.

„Со документ за прележаност која се случила не порано од 9 месеци, Швајцарија го промени на 12 месеци, можете да патувате во ЕУ без вакцинација, кај нас во кафуле на тераса не смееш да влезеш ако минале 45 дена! Носењето маска на планина и на нива не била толку глупава мерка, секогаш може поглупаво“, вели Пановски.

Пановски претходно бараше построга контрола на границите, односно ПЦР тест, со што смета дека ќе се одложеше продорот на делта сојот во земјава.