24sedum.net

24 седум вести портал

Излезе вистинско ШОУ: Пресврт во Бугарија – ГЕРБ на Борисов со нов мандат за Влада

На последните парламентарни избори во јули, победничка партија беше „Има таков народ“ на Слави Трифонов. Но, откако тој не успеа да формира влада, вчера се прогласи за опозицијата иим остави на останатите партии кои заедно имаат над 170 пратеици, во споредба со неговите 65 да формираат влада, иако како што рече не верува во тоа

Вториот мандат за формирање влада на Бугарија претседателот Румен Радев утре ќе го предаде на втората по големина парламентарна група во 46. Национално собрание – Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) .

Од ГЕРБ претходно изјавија дека веднаш ќе го вратат мандатот, но сепак, според лидерот Бојко Борисов, ќе претстават состав на владата. Даниел Митов повторно ќе прифати да биде мандатар и ќе го врати мандатот на претседателот.

Митов веќе еднаш го доби мандатот за состав на влада во април годинава.

Но само неколку дена подоцна, Борисов, во раните утрински часови одржа говор од својот дом во гратчето Банки и соопшти дека неговата коалиција ГЕРБ-СДС одлучила да го врати мандатот за формирање влада кај претседателот Румен Радев.

На последните парламентарни избори во јули, победничка партија беше „Има таков народ“ на Слави Трифонов. Но, откако тој не успеа да формира влада, вчера се прогласи за опозицијата иим остави на останатите партии кои заедно имаат над 170 пратеици, во споредба со неговите 65 да формираат влада, иако како што рече не верува во тоа.