
Се крчкаат предизборните коалици: ВМРО пред договор со партијата на Села, Алијанса
ВМРО ДПМНЕ и Алијанса на Албанците се на чекор до официјализирање на коалицијата за локалните избори. По вчерашната најава на Христијан Мицкоски дека во завршна фаза се преговорите со албанските опозициски партии за заеднички настап на изборите во повеќе општини, денеска стигна уште една попрецизна потврда од лидерот на опозицијата, известува Сител телевизија
“Многу скоро денеска ќе имаме и официјална позиција поврзана со идното коалицирање со дел од политичките партии кои сакаат да бидат дел од опозицискиот блок кој жестоко ќе ја порази власта. Деновиве може да очекувате конкретни резултати”
Преговорите со ВМРО ДПМНЕ се пред крај, потврдија и од Алијанса на Албанците. Официјалниот потпис за соработката очекуваме да биде ставен наредната недела, велат од албанската опозиција.
Информираа дека засега нема договор за заеднички кандидат за Скопје, но спремни се да поддржат соодветен кандидат.
“За Скопје немаме заземено став, меѓутоа ако дојде до соработка таа ќе се однесува за повеќе општини. Доколку кандидатот за Скопје биде професионалец, од новата генерација политичари, без лош „бекграунд“ ние со Алтернатива сме подготвени да го поддржиме. Скопје заслужува промена, бидејќи овие четири години многу заостана во развојот”
Опозицискиот заеднички фронт го коментираше и премиерот Заев. Фигуративно го обвини Мицкоски дека не е спремен да работи на мултиетничка соработка и покрај најавената изборна коалиција.
Целиот текст на Сител телевизија