24sedum.net

24 седум вести портал

Поради левица не можат да се издадат нови лични карти? Заев бара Апасиев да попушти

Повеќе од 41.000 граѓани во овој момент чекаат Министерството за внатрешни работи да им издаде нови лични карти. Нови, со новото уставно име на државата, Република Северна Македонија. Со старото име нема да добијат!

Надлежните објаснуваат дека не постои можност да се изработат лични карти со старото име, бидејќи, како што се вели, „веќе е извршен технички трансфер на системот за изработка на сите лични исправи“.

Проблемот е во тоа што МВР не смее да почне да издава нови лични карти се додека не се донесе новиот закон за лични карти, кој во Собранието е блокиран со 1.506 амандмани од опозицијата.

Премиерот Зоран Заев о бјаснува дека законот за личните карти е блокиран со амандмани од Левица, додека политичката партија БЕСА била „доволно флексибилна да поднесе амандман за почеток на дејствие од 2023 година за етничката определба на граѓаните во личните карти, очекувајќи Европа да се изјасни по ова прашање“.

– Првата можност е парламентот од 1 септември да го донесе законот и да се издадат тие лични карти. Втората можност е Министерството за правда, заедно со другите надлежни ресори, да работат како да изнајдат начин, со одлуки, со правилници или со критериуми, да дадат можност и со истечена лична карта да се гласа, затоа што граѓаните може да гласаат и со лична карта и со пасош. Но, сите немаат пасоши – изјави Заев

Но, не е само гласањето. Без лични карти, граѓаните не можат да остварат некои од своите основни права. Да земат пензија или социјална помош, поради тоа што банките не им даваат без важечка лична карта, на пример.

– Разбирам и радикално размислување, неодговорно однесување и се, но да нанесувате непоправливи штети по својот народ, не можам да разберам – рече премиерот Заев.