
Апсење во кругот на Итната медицинска помош Кавадарци
Полициски службеници вчера попладне во кругот на Јавната здравствена установа – Итна медицинска помош Кавадарци ги лишиле од слобода М.А.(42) и С.Ѓ.(22), двајцата од Кавадарци.
Од МВР информираат дека М.А. бил затекнати како му продава на С.Ѓ. пакуквање со кафеава прашкаста материја.
Исто така, врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во домот на М.А., при што била пронајдена кафеава прашкаста материја, истакнуваат од полицијата.
Двајцата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.