24sedum.net

24 седум вести портал

Меркел во проштална средба со лидерите на балканските земји

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска попладне ќе допатува во Белград, каде што ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ, а потоа ќе отпатува за Тирана.

Во Белград, Меркел ќе има и други средби на кои се очекува да стане збор за билатералните односи и Берлинскиот процес, посебно за иницијативата Отворен Балкан.

Исто така се очекува да стане збор за дијалогот Белград-Приштина и ситуацијата во БиХ, посебно по именувањето на Кристијан Шмит за нов висок претставник на меѓународната заедница.

Во Тирана Меркел утре освен со албанскиот премиер Еди Рама, ќе се сретне и со шефовите на владите на Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Косово.