24sedum.net

24 седум вести портал

СДСМ распали: Мицкосkи нека си ги пакува куферите после седмиот изборен пораз по ред, нема да го примат ниту во Белиот дворец

Ако некој треба да ги спакува куферите и да се збогува со политиката, тоа е Христијан Мицкоски, докажан губитник на повеќе различни изборни циклуси.

Шест пати по ред Мицкоски губи во директно соочување со граѓаните.

Бидејќи шест пати досега губи и народот му вели НЕ, а тој ниту еднаш не се спакува да си оди од политиката, сега на седмиот изборен пораз, нека спакува 7 куфери за среќа, затоа што многу ќе му треба. По овој 7- ми по ред, лото-пораз од граѓаните веројатно веќе нема да го примат ниту во Белиот дворец.

Во 2017 Мицкоски како носител на листата за советници на ВМРО-ДПМНЕ за Град Скопје загуби убедливо на локалните избори.

Во 2018 беше поразен на референдумот.

Во 2019 на претседателските избори Мицкоски доживеа уште еден пораз од граѓаните

И на предвремените локални избори во Охрид и Ново Село, истата 2019 година Мицкоски беше поразен.

Во 2020 Мицкоски прво ги загуби парламентарните избори на 15 јули.

Потоа и предвремените локални избори во Штип на 13 декември ги загуби Мицкоски.

Тоа е досегашниот учинок на докажаниот губитник Мицкоски кого го очекува нов, седми лото пораз по кој дефинитивно ќе мора да си ги спакува куферите.