24sedum.net

24 седум вести портал

Минималната плата ќе скокне на 18.000 денари до крајот на годинава?

24 седум часа во денот, 7 дена во неделата – 24sedum.net

Има најави за зголемување на минималната плата.

„Тенденцијата е минималната плата да биде 18.000 денари за два и пол месеци“, најави премиерот Зоран Заев во кампањата за локалните избори.

Вели дека порано минималната плата беше од осум до девет илјади денари, а денес таа изнесува 15.200 денари, со тенденција, до крајот на оваа година, за два и пол месеци отсега, таа да биде 18.000 денари.

„Да се донесе ваква одлука е потврда дека економијата се движи во добар правец“, рече Заев.