24sedum.net

24 седум вести портал

По повеќе од пет часа, Фејсбук и Инстаграм повторно во функција

Платформите Фејсбук, Инстаграм, ВатсАп беа недостапни повеќе од пет часа во текот на денот.

Техничкиот шеф на компанијата Фејсбук Мајк Шрефер се огласи на Твитер и упати извинување на сите корисници на Фејсбук.

И претходно се случувало да паднат апликациите на Фејсбук, но тоа досега траеше 10 до 15 минути, додека сега, социјалните мрежи не работеа скоро шест часа.