24sedum.net

24 седум вести портал

Нови 97 граѓани на Aвганистан пристигнaa во Македонија

Нови 97 граѓани на Авганистан пристигнаа во Македонија

Нови 97 граѓани од Авганистан денеска пристигнаа во Скопје. Тие ќе бидат привремено сместени додека не се обезбеди трансфер до нивната крајна дестинација.

Од Владата информираа дека трошоците за оваа група ќе бидат целосно покриени од Националниот демократски институт за меѓународни работи.

По слетувањето, беше спроведена стандардната процедура, поддршка од Црвениот крст, безбедносна проверка и заштита, медицинска поддршка, ПЦР-тест и можност за вакцина.

„Република Северна Македонија останува посветена на глобалната хуманитарна акција, која има цел да им помогне на граѓаните од Авганистан, кои во изминатиот период работеа на подобрување на човековите права, демократијата и мирот“, велат од Владата.