
Зоран Заев донесе ОДЛУKA за тоа дали ќе ја прифати оставката на Филипче
Премиерот Зоран Заев смета дека нема политичка одговорност на министерот за здравство Венко Филипче и на заменикот-министер Илир Хасани, за пожарот што избувна во модуларната ковид-болница во Тетово, каде загинаа 14 луѓе.
Откако денеска Јавното обвинителство ја соопшти причината за пожарот, односно утврдено е дека пожарот настанал од електрична куса врска во приклучниот кабел на дефибрилатор, премиерот Заев одлучи да не ги прифати понудените оставки од првите луѓе во здравството.
„Врз основа на овие и претходните наоди нема причини да се лоцира политичка и менаџерска или одговорност кај министерот Венко Филипче и заменик министерот Илир Хасани кои од морални причини поднесоа оставки кои чекаа на моја одлука. За евентуалните грешки ќе се приознесат надлежните отргани. Останувам на ставот дека нема да дозволам политизирање на тетовската трагедија“, рече Заев попладнево на прес-конференција. Тој додаде дека несреќи се случуваат, за што последен пример е Романија, каде исто така избувна пожар во ковид-болница.
Тој нагласи дека политичарите не смеат да го толкуваат извештајот на вештите лица.
„Доколку се утврдат евентуални грешки од човечки фактор, тогаш надлежни се органите кои го истражуваат случајот“, рече Заев.