
БЕГАЛЦИТЕ ОД АВГАНИСТАН НА ШОПИНГ ВО ТРГОВСКИ ЦЕНТАР
Впечатливи најмногу заради силното полициско обезбедување околу нив, а помалку заради надворешниот изглед, група Авганистанци денес излезе на шопинг и тоа во строгиот центар на Скопје, известува Телма телевизија
Неколку часа околу овој трговски центар, полицајци и во униформа и во цивилка беа распоредени на влезовите, што измами и прашања од неколку случајни минувачи кои беа љубопитни – што се случува овде баш денес.
По околу два часа внатре, бегалците од Авганистан излегоа од трговскиот центар, натоварени со ќеси полни со сè што се подновиле во продавниците. На излезот мораа да почекаат да се собере целата група на куп, за потоа со полициска придружба да заврши нивната прошетка.
„Предводени од претставници на Црвен крст, група Авганистанци со овие три градски автобуси ќе се врати назад во своето сместување. Од Владата им било забрането да даваат било какви изјави за медиуми.“
На скопскиот аеродром првпат слета авион на авганистанската компанија „Кам ер“, на 31 август. Донесе 149 не патници туку бегалци кои за првпат доаѓаат во Македонија.
Извор: Телма