
Кривична пријава за сопственикот на коњот што предизвика опасност на автопат
Секторот за внатрешни работи Тетово до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против 34-годишниот Н.К. од Тетово, под сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“, казниво по член 288 од Кривичниот законик.
Во СВР Тетово беше пријавено дека по автопатот Тетово-Скопје, на потегот од клучката за Брвеница кон Требошки натпатник, во спротивна насока, без надзор и контрола, сам се движи коњ со запрега. Kоњот со запрега е фатен и однесен во Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово. Набрзо е идентификуван и повикан сопственикот Н.К.(53) од Тетово, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Обвинетиот е осомничен дека на 21 септември годинава, во периодот од 14:00 до 14:30 часот без надзор и контрола, го оставил својот коњ со количка, кој започнала да трча на автопатот Тетово-Скопје, односно се движел во спротивна насока и ја загрозувал безбедноста на учесниците во сообраќајот.