24sedum.net

24 седум вести портал

Што значи кога мачка ќе ви дојде на прагот и упорно не си оди?

Постои верување дека ако мачка пристигне во вашата куќа и не сака да излезе, тоа може да укаже на тоа дека почувствувала наближување на неволји и дека дошла да ги избрка. Кај многу народи, мачката што дошла сама во куќата на една личност носи просперитет и среќа, но исто така ве штити од негативни надворешни вибрации и токсични луѓе.
Во различни кул

тури, постојат неколку значења и симболи поврзани со доаѓањето на мачка:

1. Во Индија се верува дека ако дојде некоја мачка во вашата куќа, наскоро ќе има свадба или ве чека проширување на семејството.

2. Лицето избрано како сопственик од страна на ова животно наскоро може да очекува среќни промени во животот.

3. Се смета дека посвоеното маче го штити семејството од негативна енергија.

4. Бремена мачка на прагот е и тест и добар знак. Таа нема да дојде во дом каде владее енергетски хаос, но ја привлекуваат места што зрачат со позитивна енергија. Нејзиното појавување на вашиот праг покажува дека ве чека среќа, успех и благосостојба, особено ако се грижите за мачињата (погрижете се за нив или најдете им дом).

5. Мачка што се појавува на прагот заедно со мачиња претставува подобрување на финансиската состојба и изобилство. За да се оствари овој предзнак, сите мачиња мора да се дадат во добри раце, а вие можете да задржите едно за себе.

6. Мачка која ќе залута во куќа на осамена личност може да укаже на средба со сродна душа во блиска иднина, но и напредок во кариерата за оние кои имаат ново работно место.