24sedum.net

24 седум вести портал

Бектеши: Аpијант Џафери му се И3BИНИ на Марко Бислимовски за HАПАДОТ

Министерот за економија од редовите на ДУИ, Крешник Бектеши, денеска рече дека Аријант Џафери, синот на Муса Џафери, му се јавил за да му се извини на Марко Бислимовски, претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, за физичкиот напад над него во понеделникот во една од кафаните во Дебар Маало.

– Значи вака, имав прилика да го гледам видеото и ги осудуваме ваквите случувања. Бислимовски во разговор добил извинување и не е загрозена коалицијата. РКЕ е независна институција и тие одлучуваат во делот на исполнување на условите за лиценците, порача министерот.

Синот на Муса Џафери го нападна Бислимовски затоа што РКЕ ја одземала лиценцата за снабдување на електрична енергија на неговата фирма У-Повер.

извор: faktor.mk