
Кинеле политички плакати на кандидат за градоначалник, ама полицијата ги уапсила
Кинеле политички плакати на кандидат за градоначалник, ама полицијата ги уапсила
Двајца велешани се уапсени поради уништување на плакати на кандидат за градоначалник на Велес. 25-годишниот велешанец со иницијали Б.Н и 34-годишниот Љ.П. кинеле плакати, ама завршиле во полиција, уапсени, известуваат службите на СВР Велес.
„На 05.10.2021 околу 22.40 часот на ул.„Ѓоре Органџиев“ во Велес,полициски службеници ги лишиле од слобода Б.Н.(25) и Љ.П.(34), двајцата од Велес, затоа што биле забележани додека кинеле плакати на кандидат за градоначалник на Велес.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“-се вели во пишаното соопштение испратено до медиумите.