24sedum.net

24 седум вести портал

Пановсkи: Не ги малтретирајтe прележаните, дајте им 12 месеци рок

Микробилогот, проф. д-р Никола Пановски апелира до здравствените власти да не ги малтрерираат прележаните со новата болест.

Не ги малтретирајте прележаните, дајте им 12 месеци рок да се им*низираат, дајте им сертификат.

До сега за 18 месеци од почетокот на панде*ијата животот го загубиле 5 лица претходно прележани, а за 6 месеци од кампањата за имунизација кај нас животот го загубиле скоро 200 комплетно им*низирани, пишува проф. д-р Пановски во колумната на платформата „Окружење“.

Тој повикува на разумно користење на дозите против заразата.

“Министре Филипче и премиеру Заев, уште ли верувате дека дозата штити подобро од природното прележување?

Извинете се и сменете ги „врвните експерти” кои ве убедија во таа глупост.

Користете ги дозите разумно за здравје, за имунитет, не ги потценувајте дозите, тие не заслужуваат да се вбризгаат со исклучива цел за добивање аусвајс, пишува д-р Пановски.