24sedum.net

24 седум вести портал

Починa новинарот кој 40 годинк беше дел од збиднувањата во Штип: Трајче беше препознатлив по својот глас на Радио Штип

На 60-годишна возраст по кратко боледување почина новинарот Трајче Јованов. Повеќе од 40 години беше дел од збиднувањата во Штип и неуморно известуваше за нив. Тој утринава почина во Клиничка болница-Штип.

Јованов беше препознатлив по својот глас на Радио Штип, чиј дел беше се до неговото затворање, а новинарската кариера ја продолжи во радиото Енџелс ФМ. Беше дел и од тимот и на регионалната телевизија Стар.

Јованов на новинарите, но и на македонските интерпретатори е познат и по тоа што беше долгогодишен соработник на Фестивалот за забавна музика „Макфест“. Во прес-службата на фестивалот „Макфест“ беше од 1988 година.

Во младоста Јованов, беше активен и политички. Еден период беше секретар на социјалистичка младина, а беше и член на првиот Совет на Општина Штип по осамостојувањето на Македонија.

Покрај новинарството, тој имаше и уште една голема љубов – актерството. Почетоците му се во Драмското студио при Домот на културата во Штип.

Тој неуморно аматерски учествуваше во монодрами и претстави