
Авион се заглавил под мост – никој не знае како стигнал таму
Интернетот го преплавија нереални сцени од патнички авион на компанијата “Air India” кој некако влегол под надвозник во престолнината Њу Делхи. Компанијата “Air India” била принудена да се правда со тврдењето дека леталото повеќе не е во употреба.
Како што пишува “BBC”, станува збор за отпишано летало кое компанијата го продала, па така со влечно возило бил возен по градските улици. Меѓутоа, некој очигледно лошо ја проценил висината на авионот. На видео-снимката, која се проширила на социјалните мрежи, исто така се гледа како на леталото му се отстранети крилата, што е стандардна процедура кога станува збор збор за транспорт на “отпишани” авиони.
Новинарот Ашок Рај, специјализиран за авијација и воздушен транспорт, прв ја објавил видео-снимката на Твитер и ја споделил реакцијата на компанијата.
“Ова е нерегистриран, отпишан авион на “Air India”, кој е продаден. Транспортиран е до новиот сопственик. “Air India” нема никаква врска со овој настан”, објасниле од компанијата.
Службениците на аеродромот во Њу Делхи за тамошните медиуми рекле дека леталото сигурно не припаѓа на флота која може да се види на тој аеродром, и дека најверојатно станува збор за грешка на возачот кој управувал.
#WATCH An @airindiain plane ✈️ (not in service) got stuck under foot over bridge. Can anyone confirm the date and location?
The competition starts now👇 pic.twitter.com/pukB0VmsW3— Ashoke Raj (@Ashoke_Raj) October 3, 2021