24sedum.net

24 седум вести портал

Од вторник ќе се бара дозвола од родителите за тестирање на учениците

Сѐ уште не е започнат процесот иако беше најавен за неделава за селекцијата на ученици по случаен избор за скрининг и прашувањето на родителите дали се согласни нивното дете да биде тестирано, пренесе Телма.

Иако родителите чекаат повеќе информации и детали за Корона-скринингот на нивните деца, од Министерството за образование и наука сè уште не сакаат ништо да откријат.

Од Министерството за здравство, велат дека во овој момент се креира примерокот и се прецизира во кои училишта – кои деца ќе се тестираат. Во вторник, кој е и прв работен ден во следната недела, ќе започне прибирањето дозволи од родителите или старателите за тестирање ученици.

Како што информираат здравствените власти, токму скринингот на учениците ќе даде одговори за понатамошниот тек на менаџирањето на образованието во време на пандемија, објави телевизијата.