24sedum.net

24 седум вести портал

БУГАРИЈА СО ДОБРА ВЕСТ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ: Донесена одлука за повлекување на рестрикџиите за патување

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи на својот Фејсбук профил информираше дека од утре Република Бугарија ги повлекува рестрикциите за патување на македонските државјани на нејзина територија.

Со последната одлука, Северна Македонија од црвена е преместена во портокалова зона – пишува Османи.

Забраната се укинува за сите кои имаат сертификат за вакцинација, со поминати 14 дена од втора примена доза, сертификат за прележан ковид,

што важи од 11 до 180 дена од денот на оздравување или негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа.