24sedum.net

24 седум вести портал

На продажба „Југо“ од 1989 година со поминати само 5.700 километри

На продажба „Југо“ од 1989 година со поминати само 5.700 километри

Возилото се наоѓа во САД, а моментално на сајтот „eBay“ за него се понудени 6.200 долари.

На вљубениците во легендарниот автомобил на „Застава“ им е укажана шанса да дојдат до одлично сочуван примерок, кој поминал само 3.589 милји, односно 5.776 километри

На сајтот „eBay“ се појави оглас за продажба на црвено „Југо“ од 1989 година за американскиот пазар, а како што е наведено, возилото се наоѓа во Северна Каролина, САД.

Интересно е што автомобилот првобитно бил бел, а подоцна моменталниот сопственик го офарбал во „Flame Red“ црвена боја.

Внатрешноста е во добра состојба за автомобил кој е стар преку 30 години, а продавачот наведува дека со возилото се добива и вграден радио-касетофон.

Инаку, актуелната понуда за овој автомобил изнесува 6.200 долари.