24sedum.net

24 седум вести портал

Д-р Горан за Бекстејџ: На почетоkoт луѓето се сомневаа и ме прашуваа – а чекај стварно си ти доктор?

Најпопуларниот доктор на социјалните мрежи во нашата земја со над 40.000 следбеници, Доктор Горан кој се врати во Македонија за Бекстејџ вели

Искрено кога дојдов во Македонија, не сум сигурен дали е ова толку паметно што го правам. Буквално на тацна го давам својот живот. Со сите маки, смешки, работа, фамилија. Го презентирам пред луѓето како секој обичен човек што има маки и проблеми. Истото го правам и јас. Не знам зошто, но тоа им се допадна на луѓето, како што тече времето, се менува профилот врз основа на барањата на тие што ме следат.

Овој период се осврнав кон пандемијата. Тоа е флексибилна работа која ја започнав и која се менува постојано, додава тој

На почеток добивав пораки, а чекај ти стварно си бил доктор? Сега веќе ме разбираат сериозно. На улица кога ќе ме сретнат, очекуваат да се прават шали, но тоа јас не можам да го дадам во секој момент. Тоа е напорниот дел кога треба да бидеш јавно лице. Тоа влијае на твоето однесување. Не постигнувам се, за жал имам многу повеќе планови кои си ги зацртувам за денот, но мојата метода е кога ќе станеш сабајле да си направиш план, да се договориш со себе, што можеш да оствариш денес за да бидеш задоволен со себе. Спорт за мене е многу важно и исхрана.

Тие работи морам да ги правам во текот на денот. Фамилија после работа и доаѓа на крајот од денот време за Инстаграм.

Се снимам дури сум и во кола. Во текот на денот можеби саат, саат ипол сум во кола и тука размислувам и го вметнувам Инстаграмот во животот. Знам да потрошам време и за Инстаграм кога сум зацртал нешто друго во текот на денот. Тоа не ми се допаѓа.