24sedum.net

24 седум вести портал

Д-р Пановски: Не е фер да се каже дека само ваkцинираните се заштитени

Не е фер да се каже дека само вакцинираните се заштитетни, бидејќи прележаните се многу повеќе заштитетни од вакцинираните, изјави микробиолотог Никола Пановски за Канал 5 телевизија.

„Тука може да се каже, тие се 900.000 илјади, ако се 400.000 граѓани малолетни, ќе останат уште 500,000, до 1,8 милиони граѓани, на кои треба да се удри акцентот, и да се провери која е таа нивна психологија што не се вакцинирани и колку од тие 500.000 граѓани се над 50 години, бидејќи тие се многу позначајна категорија да се вакцинираат.

Значи, треба некаде уште 200.000 луѓе да се вакцинираат, за да се намали бројот на смртните случаи“, рече д-р Пановски

Д-р Пановски покрена дебата по однос на неговиот фејсбук статус на крајот на август месец кога напиша:

За да нема недоразбирање:

1.Вакцините против ковид спасуваат животи.
2. Треба да се почитуваат и да се даваат на лица на кои им се потребни.

3. Лично сум од групата на вакцинирани во март, не сум прележал ковид, но жестоко се борам за правата на пеележаните.

4. На прележаните од ковид треба да им се даде рок од најмалку 6 месеци за да се вакцинираат.

5. Во меѓувреме треба да се вакцинираат оние кои немаат заштита, па и оние со тррта доза кои се вакцинирани во фебруари и март, меѓу кои се и здравствените работници.

6. Дека природниот имунитет е посилен од вештачкиот го гледаме секојдневно, ние во лаборатории, матичните лекари, инфектолозите итн, а секој ден гледаме дека по 3, а особено по 6 месеци дури и вакцинираните со вакцини како Фајзер, ја губат заштитата. 7. Се уште не е направена штетата, дајте им на прележаните рок од барем 6 месеци да се вакцинираат.

8. До кога ќе молчите колеги, 45 дена мерка немљ никаде во светот, не е точно дека е препорака од СЗО, тие само велат дека месец дена минимум треба да помине.

Во прилог е еден труд кој кажува дека прележаните 13 пати поретко се инфицираат од комплетно вакцинираните со две дози Фајзер.

Comparing SARS-CoV-2 natural immunity to vaccine-induced immunity: reinfections versus breakthrough infections