
Екс-сопругата на Кајмакоски: Јас сум му и татко и мајка на моето дете
„Ќе излажам ако кажам дека не ми беше тешко по разводот, кога некого сакаш и нешто не успеало нормално дека ти е тешко, но се е за луѓе“.
Ваква беше првата изјава на поранешната сопруга на Кајмакоски веднаш по нивниот развод, Кристина Димитровска.
По разводот и двајцата беа согласни дека имаат добар однос и дека заедно се грижат за своето дете. Но сепак, во своето последно интервју за Бекстејџ, екс-сопругата на Кајмакоски на прашањето зошто Кајмакоски не бил присутен, вели: Бевме сите најблиски, прославата беше прекрасна.
Искрено ми пречеше некакво поврзување на моите успеси со презимето кое одамна не го носам. Јас градам кариера и правам работи кои вредат. Во едно интервју изјавив дека јас сум му татко и мајка на мојот син, така да сите ќе разберат што сакам со таа реченица.
А за тоа како изгледа нејзиниот спот „Амстердам“ и како звучи овој нејзин музички проект погледнете и слушнете во продолжение:
Во своето гостување кај јутјуберот Стефан Лазаров, Димитриевска одговара на прашања кои мажите никогаш не би ги поставиле на жената.