
Koста Костадинов на средба со спортските легенди и ветерани на Струмица, поддршка дадоа и Горан Пандев и Наумче Мојсовски
Коста Костадинов денеска оддржа средба со спортските легенди и ветерани кои испишаа историја во струмичкиот спорт. На средбата присуствуваше и поранешниот ракометар Наумче Мојсовски а бидејќи не е во Струмица, преку социјалните мрежи им се придружи и македонската фудбалска легенда Горан Пандев.
„Заедно со спортските легенди и ветерани кои испишаа историја. Горан Пандев и Наумче Мојсовски, благодарам за поддршката која ја добив!“ – напиша Костадинов.
Коста сподели и друг фејсбук статус:
Убаво е кога можеш да слушнеш директно и искрено, како што тоа го направивме вечерва во Просениково. Просениково е едно од населените места во кои општината вложила многу труд и пари.
Изграден е канализациски систем, изграден нов мост за поврзување со село Сарај, реконструиран е домот на културата, обновен е патот до Струмица, асфалтирани се голем дел од улиците, подобрено е улично осветлување со ново, економично – ЛЕД светло. Секако, сето ова е мотив и моја обврска како градоначалник да го надополнам и развијам.
Почитувани производители на земјоделски култури, силно сум мотивиран и мислам како и колку повеќе може да се сработи за вас, земјоделците. Не е едноставно, но мора да се работи. Како што нема лето, зимо за вас, луѓето кои сте струмичкото богатство, исто така нема да има ни за мене и мојот тим.
Вака, реално и вистински се подржуваат земјоделците и производителите во Просениково. Од срце, за Струмица!