24sedum.net

24 седум вести портал

ПОЧНА Целосен мрak во Либан поради недocтаток на електрична енергија

Либан е во целосен мрак ооткако двете најголеми електрани во земјата се затворија поради недостаток на гориво, изјави во саботата владин претставник за Ројтерс.

„Либанската електроенергетска мрежа целосно престана да работи денеска на пладне, и малку е веројатно дека ќе работи до следниот понеделник, или во наредните неколку дена“, рече официјалниот претставник.

Термоелектричната централа престана со работа поради недостаток на гориво.

Официјалниот претставник рече дека државната компанија за електрична енергија ќе се обиде да ја искористи армиската резерва намазут за привремено да работат електраните, но тоа нема да се случи во скоро време.