24sedum.net

24 седум вести портал

ВИДЕО: Авион паднал веднаш по полетувањето – се појавија први снимки од несреќата во Русија

Неделното утро во Русија започна со тажни вести дека авионот Л-410 Турболет кој превезувал 20 падобранци се срушил во близина на градот Манзелинск во руската Република Татарстан. Во оваа несреќа животот го загубија 16 падобранци, а 6 лица се повредени.

Како што соопшти Министерството за вонредни ситуации, станува збор за лесен транспортен авион Л-410, кој припаѓал на локалниот аеро клуб, паднал на земј веднаш по полетувањето, рекле сведоците.

Според снимките кои ги објави министерството трупот на леталото е уништен, но опашката осанала недопрена.

Во авионот имало 23 лица, од кои повеќето биле падобранци.