24sedum.net

24 седум вести портал

ВУЧИЌ СО ВЕТУВАЊЕ: Ќе имаме нajповолна цена за гасот и ќе останеме воено неутрални

Имаме исклучително добри односи со Руската Федерација и за разлика од многу други кои или се срамат или се плашат да го кажат тоа, јас не го кријам. Мислам дека го кажувам со посебна гордост, бидејќи верувам дека тоа е во интерес на Србија, и не само интерес, туку и израз на вековно пријателство, рече српскиот претседател

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по средбата со министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, во Белград, изјави дека ова е нивниот најискрен разговор досега.

Горди сме на нашата воена неутралност и во согласност со тоа, ќе продолжиме да ја штитиме земјата и да ги развиваме нашите одбранбени капацитети, посочи Вучиќ.

Сергеј Лавров рече дека Русија се залага решението за косовското прашање да се заснова на почитување на Резолуцијата 1244, тоа да се најде во директен дијалог меѓу Белград и Приштина и да биде одобрено од Советот за безбедност на ОН.

Вучиќ му се заблагодари на Лавров што дојде да му даде на значење на собирот организиран од Србија по повод 60-годишнината од Првата конференција на неврзаните, но и за пријателството и поддршката што Русија и ја дава на неговата земја. Тој се заблагодари на Руската Федерација за поддршката на територијалниот интегритет и суверенитет на Србија и на тоа што инсистира дека прашањето за Косово може да се реши само со изнаоѓање компромис, а не со наметнување диктат на Србија.

,,Горди сме на нашата воена неутралност и во согласност со тоа, ќе продолжиме не само да ја заштитуваме нашата земја, туку и да ги развиваме нашите одбранбени капацитети со цел да го одвратиме секој потенцијален агресор од намера да ја загрози слободата на Србија “, изјави Вучиќ.

“Имаме исклучително добри односи со Руската Федерација и за разлика од многу други кои или се срамат или се плашат да го кажат тоа, јас не го кријам. Мислам дека го кажувам со посебна гордост, бидејќи верувам дека тоа е во интерес на Србија, и не само интерес, туку и израз на вековно пријателство “, рече српскиот претседател.

Запрашан како ги коментира обвинувањата на некои лидери на Балканот дека Русија врши силно влијание врз настаните во регионот со помош на енергија и на други начини, Лавров рече дека тие се навикнати на обвинувањата.

Тој посочи дека односите на Русија со Србија и другите земји во регионот се базираат на заемна корист и рамнотежа на интереси.

Вучиќ праша „како Русите вршат притисок врз нас во однос на енергијата“, посочувајќи дека тој моли и им врши притисок да им ја дадат најповолната цена за гасот.

“Имаме ветувања од Сергеј и господинот Борисов дека ќе разговараат со претседателот Путин и дека тој ќе стори сé за да има најдобра цена. Го знам Путин, ќе имаме најдобра цена”, рече Вучиќ.