24sedum.net

24 седум вести портал

Перо Камиказа не ги знае имињата на листата на советници на Левица – кај Васко Ефтов вели немал време да ги запознае (ВИДЕО)

На секое мое спомнување на Левица, вие се вознемирувате. Толку многу ви смета кога ја споредувам Левица со Вас?

Ова е едно од прашањата кои Перо Камиказа, кандидат за градоначалник на Скопје поддржан од Левица, ги доби во интервјуто „Во Центар“ на Васко Ефтов.

Она што е многу интересно од интервјуто е дека кандидатот за градоначалник не ги знаеше имињата на листата на советници од Левица, за кои беше запрашан од страна на новинарот Ефтов.

Камиказа доби прашање за кого ќе гласа на овие избори и рече дека тој е сигурен во вториот круг.

Според кандидатот на Левица, негов противкандидат во вториот изборен круг би била Данела Арсовска, кандидатот поддржан од ВМРО-ДПМНЕ.

Погледнете го интервјуто во продолжение: