24sedum.net

24 седум вести портал

По провokациите од Левица, од Прилеп ЗАЕВ вели: Никогаш повеќе нема да има пиштење и вриштење

Тој нагласи дека Прилеп беше на вистинската страна пред 80 години, беше на вистинската страна пред четири години и дека и денес повторно ќе биде на вистинската страна

Нема да дозволиме повторно да се вратиме во минатото, нема да дозволиме повторно да се врати режимот, ниту овде со хилти никој повеќе да влегува, ниту веќе никогаш повеќе пиштење и вриштење по Прилеп, изјави денеска од Прилеп претседателот на СДСМ Зоран Заев, кој го промовираше Горан Сугарески како кандидат за градоначалник.

Заев тука алудираше на изјава на Миле Јанакиески кој е од Прилеп, во една од „бомбите“, каде во разговор со тогашниот директор на УЈП Горан Трајковски зборува за казни за струмичките дуќанџии за време на изборите.

За опозициската партија и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски рече дека не нудат ништо, освен лажни вести деструкции и блокади и порди тоа најави дека ќе бидат порази на изборите в недела.

Тој нагласи дека Прилеп беше на вистинската страна пред 80 години, беше на вистинската страна пред четири години и дека и денес повторно ќе биде на вистинската страна.