24sedum.net

24 седум вести портал

ПОВЕЌЕ ОД 200 ПРОЕКТИ ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ Гласајте за Стојкоски за да почнат промените, порача Мисајловски

Од овде од Ѓорче Петров сакам да ве повикам сите да излезете и да го дадете својот глас за кандидатот за градоначалник, Александар Стојкоски кој е хуман човек, човек кој го сака Ѓорче Петров и кој има визија за модерна и урбана општина, апелираше денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

Исто така сакам да ги повикам граѓаните, додаде Мисајловски, да дадат поддршка и за листата на кандидати за советници во Советот на Ѓорче од ВМРО-ДПМНЕ, доктор Ленче Нелоска.

Имаме кандидати за советници со кои ќе може да ги реализираме сите проекти. Има преку 200 проекти за Ѓорче, за во секое мало нов парк , нова улица, ново културно катче, се за граѓаните. Затоа до 17 октомври погледнете ја програмата уште еднаш и ќе се пронајдете во неа, затоа и гласајте. Масовно да дадеме поддршка за кандидатот Стојкоски и советничката листа“, рече Мисајловски.

Мисјаловски додаде „доста е да гледаме неработници, доста е со трошење на времето, време е за нова иднина.

„Затоа ве повикувам да гласате за Александар Стојкоски и листата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Затоа за поубаво Ѓорче ве повикувам да гласате за нив и оттука да почнат промените“, рече