24sedum.net

24 седум вести портал

Приведена 21 годишна жена поради напад врз свekрвата

Тетовската полиција вчера лишила од слобода 21 годишна жена поради напад врз 57 годишната свекрва. Настанот се случил вчера околу 12:30 часот во заедничкиот семеен дом во едно тетовско село.

– Вчера (11 октомври) во 15 часот и 40 минути, полициски службеници на СВР Тетово ја лишиле од слобода 21-годишната С.Д. од тетовско село, која дента околу 12 часот и 30 минути во семејниот дом физички ја нападнала 57-годишната свекрва. Според пријавеното, таа во нападот употребила тврд и остар предмет, а оштетила и дел од покуќнината, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Приведената С.Д. е задржана во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што против неа ќе следува соодветен поднесок.