
РАЧНО КРЕНАА АВТОМОБИЛ ОД ВЕЛОСИПЕДСКА ПАТЕКА: Зелен хуман град во акција
Активисти на „Зелен хуман град“ денеска рачно кренаа автомобил паркиран на велосипедска патека.
„Не ни е прв пат да налетаме на автомобил паркиран врз вело-лента, кој ја загрозува безбедноста и го попречува патот на велосипедистите. Од ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД, решивме да покажеме на надлежните инстуции како треба да се раководи со овој проблем во една хипотетичка ситуација.
Се надеваме дека место ние да ги земаме овие работи во наши раце (буквално), тие ќе бидат одговорни во вршење на нивната должност. Башка, и пајак имаат, не мора вака рачно автомобили да преместуваат, стои во објавата.