24sedum.net

24 седум вести портал

Активистот на Левица кој му дофрлаше на 3аев на 11 Октомври повикан на распит во ПОЛИЦИCKA станица

Иван Јованоски активистот на Левица кој заедно со 11 други активисти на Денот на народното востание го попречи патот на државната делегација на Могилата на непобедените во Прилеп и му дофрлаше на премиерот Зоран Заев е повикан на разговор во полиција.

Информацијата ја објави лидерот на партијата Димитар Апасиев на својот фејсбук профил.

„Народниот херој од 11 октомври од Прилеп – носителот на нашата советничка листа Иван Јованоски, кој му го покажа местото на Заев на буништето од историјата, денеска е повикан на распит во полициска станица!? Говорете ми нежно за ’туркав режим со пенкало“, напиша Апасиев во статус на Фејсбук.