24sedum.net

24 седум вести портал

Автомобили проголтани од дупka, граѓаните шokирани: Насред пат се отворил кратер со врела вода и возилата пропаднале

На раскрсницата во Новосибирск во Русија се отворила дупка и автомобилите паѓале во неа.


Два автомобили денеска биле проголтани во огромна дупка преполна со врела вода која одненадеж се отворила денеска во Русија.

Возилата “Toyota” и “Nisan” паднале како жртви на кратерот кој се отворил на раскрсницата во Новосибирск.


“Два автомобили целосно потонаа. Ова е ужасно”, рекол еден очевидец за локалниот медиум “NGS”.

Автомобилот “Lexus” кој бил зад нив избегнал слична судбина бидејќи стоел на црвено светло.


Двата автомобили биле паркирани пред деловен центар кога пропаднале во дупка која одненадеж се отворила. Никој не бил повреден во овој инцидент, но 21 блок станбени згради останале без топла вода и греење.

Овој инцидент е последен во низата вакви незгоди во третиот по големина град во Русија. Минатиот месец дупките проголтале автомобили, автобуси и камиони.

Досега не се пријавени повредени во овие инциденти.