24sedum.net

24 седум вести портал

Д-р Николов: Слушајќи го Јорданов во неговата монодрама, можам само да му препорачам да чита и да учи како се работи

Слушајќи го Јорданов во неговата монодрама, во која слушнавме само негација. Не е така баш. Кога ќе управувате со локална самоуправа, тогаш ќе знаете. Сега треба да учите, да читате, да знаете како се работи. Како одговорна партија, како одговорен граѓанин јас се борам за сите работници, за текстилните работници, за сите наши сограѓани кои имаат потреба од нас како локална самоуправа.

Ние покажавме како се работи на терен, одговорно. Ние немаме време да кажуваме што ќе правиме, ние работиме.

Два објекти се директно поврзани со работата на ВМРО-ДПМНЕ како самоуправа и пензионерскиот дом во кој што инвестирале пензионерите. Вие градите, ние ќе средиме работата. Тоа било ветување на ВМРО-ДПМНЕ. И еве сега во каква ситуација сме со дивоградбите.

Заедно со премиерот Заев и министерот Бочварски ќе го легализираме убавиот дом на нашите пензионери. Дивоградби ги решаваме на следниот начин: Земавме градежен инспектор кој ќе работи во Општина Штип и потпишавме соработка со општина Пробиштип кој ќе биде на терен на општина Штип кој ќе работи така како што е потребно.