24sedum.net

24 седум вести портал

ХАОС НА KOСОВО: Сoлзавци, исkршени автомобили, повредени Срби, но и koсовсkи полицајци

Судири има на Косово, при што има повредени Срби и косовсkи полицajци.

Kосовската специјална единица РОСУ упадна на повеќе локации на северот од Косово во акција за „спречување на криумчарење стока“.

Српските медиуми јавуваат за десетици повредени, од кои едно лице е во животна опасност. Косовска полиција јавува дека шест повредени полицајци и тројца уапсени во денешната акција во северно Косово.

Тешко повредниот Србин е веќе опериран и се наоѓа во стабилна состојба, соопштија од болницата во Косовска Митровица.

Искршени автомобили, амбулантни возила и пожарникари имаше на улиците, а граѓаните се собраа во центарот на Митровица.

Полицијата употреби солзавец за да ја растера толпата. Акцијата се спроведуваше во регионот на Приштина, Пеќ, Јужна Митровица и Северна Митровица. Српското државно раководство во првичната реакција ја осуди оваа, како што ја нарече „налудничава политика на Приштина“ и од меѓународната заедница, КФОР и ЕУ побара да го „заузда Албин Курти“.

Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел денеска повика на итен прекин на насилствата и на едностраните потези на северот од Косово.

Немирите се случуваат десетина дена по кризата на административните премини Брњак и Јариње. Косовските Срби излегоа на блокади како реакција на одлуката на Приштина да не дозволува влез на возила со српски таблички без да им бидат заменети со привремени косовски таблички.