24sedum.net

24 седум вести портал

Кучињата може да ја „намирисаат“ лошотијата кај луѓето

Кучињата може да почувствуваат страв, а едно неоданешно истражување открива дека тие може да ги „намирисаат“ лошите луѓе.

Тимот кој бил предводен од јапонскиот професор, Акико Такаока открива дека кучињата бргу сфаќаат дали треба некому да му се верува или не. Истражувањето кое го спровеле вклучувало „мамење“ на кучињата.

Имено, луѓето одамна откриле дека кучето, доколку му покажете некој објект, ќе дотрча до него. Ваквата информација научниците ја користеле и во своето истражување – еден човек на кучињата им покажувал кутија наполнета со храна, а кучињата трчале до неа.

Потоа им била покажувана празна кутија, до која кучињата исто така трчале, но потоа откривале дека е празна. Кога им била покажувана кутија и по трет пат, кучињата не трчале кон неа, иако таа била полна со храна.

Кучињата знаеле дека на човекот не треба да му се верува, имајќи го предвид претходното искуство. Таквиот експеримент докажува дека луѓето може да препознаат кога некој ги мами и не се толку наивни – пренесува Petmagazin.

Со други зборови, ако го лажете кучето, тоа ќе формира мислење за вашет днесување и нема да ви верува. Кучињата имаат многу пософистицирана интелигенција одошто мислиме – истакнува Такаока.

Извор: republika.rs