24sedum.net

24 седум вести портал

ВИДЕО: Kaндидатот за во Аеродром ја напушти дебатата, некој му ги дупнал гумите на автомобилот

ВИДЕО: Кандидатот на ТМРО во Аеродром ја напушти дебатата, некој му ги дупнал гумите на автомобилот

Дебата на кандидатите за градоначалник на Аеродром / 14 октомври 2021 / фото: ТВ24/принтскрин
Кандидатот за градоначалник на општина Аеродром од партијата ТМРО, Миле Петковски, ја напушти вечерашната дебата на телевизијата 24, откако рече дека е под стрес и оти чувствува револт поради тоа што некој претпладнето му ги дупнал гумите на автомобилот.

Петковски покажа фотографија од направената штета на мобилниот телефон и рече дека е „под стрес и загрижен за безбедноста на своето семејство и затоа сака да го помине времето со нив“.

„Пред доаѓање ми беа избушени гумите на автомобилот, не стигнав да пријавам во полиција зaшто доаѓав во емисијата, и ако ова е закана за мене и семејството и ако навистина претставувам проблем како кандидат за нашата општина тогаш јавно ќе се повлечам од оваа функција. Ова е мој протест од мене до сите кандидати и до политичката сцена кај нас“, рече Петковски и го напушти студиото.