24sedum.net

24 седум вести портал

Д-р Даниловски предвидува крај на пандемијата напролет

Поради студеното време и затворените простории ќе има зголемување на бројот на заразени, но епидемиолошката крива нема да има „остри врвови“, вели епидемиологот проф. д-р Драган Даниловски .

Според него, крајот на пандемијата ќе дојде со пролетта, но со грипот секоја година ќе има и сезона на корона.

– Крајот на епидемиолошката приказна ќе дојде со пролетта.

Вирусот ќе ја загуби силата, но секоја година ќе има сезона на корона.

Наставата со физичко присуство не претставува ризик со висок епидемиски потенцијал – изјави за ТВ Канал 5 Даниловски