
ИЗМАМА: Отворен профил на Фејсбук на сопругата на Стево Пендаровски и дели 5.000 евра на 100 души
Нов профил на сопругата на претседателот Стево Пендаровски, Елизабета Пендаровска, е креиран за измама за наградна игра во која се вели дека ќе се делат 5.000 евра на 100 учесници доколку си го напишат името во коемнтар.
Профилот за кратко време се стекна со голем број фанови, а претпладнето имаше повеќе од 1.500 коментари и огромен број на споделувања. Во некои од нив имаше и критика дека се делат пари пред избори.
Со отворање лажни профили и фејсбук-страници, измамници организираат непостоечки наградни игри, во кои корисниците треба да искоментираат одредени нешта, на пример првата буква од името или точен збор кој тие го бараат, за да можат да учествуваат.
извоор: Faktor.mk